Враќање на податоци од хард дискови со логички проблеми
Тука спаѓаат форматирани дискови, дискови со изгубени или избришани партиции, изгубени податоци поради зараза со вируси. Прво се прави автентична копија, сектор по сектор на дискот од кој се вадат податоци (никогаш не се работи директно на клиент дискот). Потоа се анализира MFT табелата, се бараат сите партиции и се скенира дискот за изгубени поатоци. Доколку MFT табелата е оштетена, се врши скенирање по потпис и вратените податоци нема да ги имаат оригиналните имиња. По завршено скенирање податоците се копираат на сервер. Оваа процедура се применува секогаш по завршување на секоја имиџ процедура.
Дискови со лоши сектори
Доколку дискот се препознава во BIOS се приклучува на хардверски имиџер, во зависност од бројот на лоши сектори се прави алгоритам за читање на дискот. Дискот првин се чита од почеток до крај, потоа со помала брзина се чита наназад од крај кон почеток на дикот. Доколку уште има непрочитани лоши сектори се продолжува со читање на преостанатите сектори со исклучен ECC или повекекратно читање на ист сектор со менување на напон на главите за читање. Алгоритмот се менува во зависност од состојба на дискот.
Дискот не се препознава во BIOS
Во овој случај прво се проверува електронската плочка, firmware, ROM или NV-RAM на дискот. Електронската плочка прва се проверува, доколку има проблеми се отстрануваат. Во спортивно се преминува на читање на firmware-от. Доколку може да се прочита firmware-от запишан на плочите, тогаш се преминува на негова поправка. Доколку firmware-от не може да се прочита најверојатно проблемот е во главите за читање и пишување или плочите се физички оштетени. Во првиот случај се бара соодветен донор диск и се менуваат главите. Во вториот случај на изгребани плочи, не постои можност за враќање на податоците.
RAID низи и NAS уреди
Оваа е специфичен процес на работа. Се применуваат сте гореспомнати методи за да се направи автентична копија на сите дискови во низата. Потоа се преминува на анализа на дисковите со HEX едитор за да се одреди распоредот на дискови, големината на strip, offset. По пронаоѓање на потребните податоци се врши реконструкција на RAID низата и фајл системот. Повекето фабрички NAS уреди имаат Linux партиција на почеток на секој диск, некои уреди од повисока класа имаат свој заштитен фајл систем за кој нема доволно информации.
USB мемории и флеш картички
Ова се мали уреди со голем капацитетет на кои чуваме докумети. Меѓутоа поради постојано исклучување и вклучување на разни компјутери се случува овие USB флеш уреди да престанат да работат. Штом не се препознаваат во Оперативен Сиситем, ниеден програм за враќање на податоци не може да помогне. Во тој случај се користи напредна технологија на читање на NAND чипови и симулација на конторлер со цел да се пристапи до податоците. Се користи најсовремена опрема од лидерите во полето за враќање на податоци од флеш мемории. Тука спаѓаат USB стикчиња, SD картички и други уреди кои на себе имаат контролер и мемориски чип.
SSD дискови
Иако немаат подвижни делови SSD е поотпорен на потреси и паѓања, но не е имун на расипување и губење на податоци. Со помош на комплексно софтерско/хардверско решение може да се вратат податоци од SSD-а ко не се препознаваат од BIOS или оперативен систем. Можност за враќање на податоци од SSD е можно само за оние модели кои користат контролери без хардверска енкрипција. Список на сите подржани контролери може да го видите тука.
Уништување на податоците и дисковите
Со форматирање на диск или бришење на фајлови, тие се уште постојат на дискот и може да се вратат. Доколку имате битни податоци кои треба да се уништат, ние ја нудине оваа услуга. Трајно бришење на податоци (санитизација) се извршува по NATO, DoD5220.22M и NIST 800-88 стандарди. По завршено уништување се издава Сертификат за успешно завршен процес. Не постои никаква можност да се вратат податоци од дискови избришани со оваа метода. Дискот останува функционален и може нормално да се користи. За поголема дискреција можно е и лично превземање на дисковите.