Хард Дискови
Враќање на податоци од хард дискови форматирани од сите оперативни системи (NTFS, FAT, EXT2/3/4, HFS+), дискови со премногу лоши сектори. Дискови кои не се препознаваат во BIOS или оперативен систем, проблеми со ROM и firmware, дискови кои кликаат, изгорени електронски плочки. Враќање на податоци од сите брендови и модели на хард дискови Western Digital, Seagate, Hitachi, Samsung, Maxtor, Toshiba, Fujitsu...
RAID и NAS
По креирање на автентична работна копија на сите дискови во низата, со помош на софистицирани програми и анализа на хексадецималниот код се открива распоред на дискови во низата и реконструкција на RAID 0,1,5,6, низи од Linux/UNIX и Windows сервери од сите брендови на сервери и HP, DELL, IBM и други. Слична процедура е и за NAS уреди со еден или повеке дискови, како на пример WD, Verbatim, Synology, D-Link и други.
Уништување на податоци
Трајно бришење на податоци од хард дискови IDE, SATA, SCSI и SAS, без можност за било какво враќање. Се работи по DoD5220 стандард. За поголема сигурност на уништување на податоците нудиме и физичко уништување на хард дискови. По успешно извршена процедура и верификација на дисковите се издава серификат за успешно уништување на податоците.
USB Flash Мемории
Мали уреди кои ги пористиме секојдневно за пренос на податоци од едно на друго место. И на нив чуваме бекап или некој тековен проект. Се случува да откажат и да не се препознаваат на ниеден компјутер. Иако навидум мртви постои можност за враќање на податоци. Битна работа е USB стикчето или SD картичката да има засебен контролер и мемориски чип.
SSD дискови
Овие дискови веке се стандард за секоја конфигурација, дали десктоп или лаптоп. Иако немаат подвижни делови, не се отпорни на расипување. Исто како кај обичните хад дискови и овде се јавуваат проблеми со firmware, непрепознавање во BIOS и слични проблеми. Постои можност за враќање на податоци, исклучок се SSD-а кои имаат контролер кој користи хардверска енкрипција.
Безбедност на податоци
Доверливост на вашите податоци е на највисоко можно ниво. По извршено превземање и потврда од клиентот сите податоци трајно се бришат. Покрај софтверска заштита со лозинка, податоците се чуваат заклучени. За многу осетливи податоци се потпишува договор помеѓу нас и клиентот.