Се надевам дека тимот на Google направил интелигенетн систем за препознавање на опасност пред да се спушти мејлот на корисничкиот компјутер.
За заштита од Ransomware вирусите пишував пред некое време, претпазливост при отворање на атачменти е најбитна. Во меѓувреме излегоа и неколку софтверски решенија, но не постои All in one производ. Мора да се комбинираат повеке производи и пак нема да бидеме сигурни, овие гадинки излегуваат секојдневно со нов и модифициран код.
Како што пишав во текстот за препознавање на мејлови, наша одлука е дали ке го отвориме или не. Но денес бев пријатно изненаден од Google Mail. Добив мејл со следнава содршина:
Го отварам мејл клиентот Windows Mail и таму истата порака преземена, поминла преку вирус/спам филтер на мејл серверот, Avast и Windows Defender на лаптопот. Еве го оригиналниот мејл:
Се надевам дека тимот на Google направил интелигенетн систем за препознавање на опасност пред да се спушти мејлот на корисничкиот компјутер. Сега лошите момци ке почнат со нови модификации и нови вируси. Останува да видиме која страна ке победи.
А јас и сите вие како крајни корисници треба да не заборавиме да правиме бекап на своите податоци. Се уште процентот на вратени податоци од дискови заразени со Ransomware е многу мал.