Одговори на често поставувани прашања
Како да го пратам дискот?
Дисковите може да се достават лично во нашите простории или да ги пратите по една од курирските служби (дискот претходно убаво ке го спакувате во кутија заштитенa со сунѓер, стиропор и слични амортизирачки материјали и ке наведете на кутијата дека е кршливо). Можно е и да го преземеме дискот од вас, со претходен договор.
Колку ке чини враќањето на податоци?
По приемот на дискот во нашиот сервис се врши дијагностика и ви се јавуваме да ве информираме за состојбата на дискот и понатамошната работа. Цената се одредува во зависност од проблемот. Дијагностика на дискот е бесплатна. Доколку не е можно враќање на податоци, ништо не се наплаќа.
Како ке ги добијам податоците назад?
По враќање, податоците се чуваат на наши дискови, во зависност од количината на вратените податоци, истите се снимаат на CD/DVD или диск кој ке треба да го доставите.
Што се случува со моите податоци?
Податоците се чуваат кај нас додека не потврдите дека сте ги добиле а потоа ние трајно ги бришеме без можност за враќање.