За Нас

Систрум ДООЕЛ започна со работа во 2009 година како софистициран сервис за компјутери. Од 2011 ја проширивме дејнаста со враќање на податоци од хард дискови. Опремени сме со најсовремена опрама за пристап на дискови на ниско ниво со што го заобиколуваме BIOS-от и опративниот систем. За дискови со многу лоши сектори имаме посебни процедури на повекекратно различно читање на истите сектори. За дискови кои имаат проблем со глави за читање поседуваме Clean Room Class 100 единствени во Македонија и алати развиени во нашата лабараторија за полесна обработка на дисковите. Секојдневно се надоградуваме и го зголемуваме бројот на дискови во нашата база. Мометална новина е опремата за работа со SSD дискови и други Flash мемеории. Поради специфичноста на функционирање на овие уреди, услугата уште не се нуди, се уште е во експериментална фаза.
Дијагностиката на дискот е бесплатна, се детектира проблемот и состојбата на дискот. Доколку дискот е многу оштетен т.е. има оштетувања на плочите каде се запишани податоците, не постои можност за враќање на податоци. Кога е во прашање безбедноста на вашите вратени документи, сите податоци се чуваат на офлајн дискови, заклучени или енкриптирани. По завршената работа и потврда од страна на клиентот сите податоци трајно се бришат и не постои мошност за злоупотреба. Како логичко продолжение на нашата работа е форензика на дискови и мрежи. Изработуваме форензички копии од сите видови масовна меморија и анализа на истите. На оваа поле соработуваме со CyberSecurity.mk кои ја спроведуваат комплетно мрежната форензика и анализа на мрежниот и интернет сообраќај.

Постака за враќање на податоци

Hard Disk Inspection

Дијагностика

Фаза 1
Хард дискот детално се проверува, првин визуелно дали е претходно отваран или физички оштетен, се проверува електрониката на дискот и потоа се приклучува на напон.
HDD PCB Repair

Поправка на електроника

Фаза 2
Доколку дискот не реагира при приклучување на напон се преминува на подетална анализа и поправка на електронската плочка ако е потребно..
HDD Firmware Repair

Firmware проблем

Фаза 3
Доколку е се во ред со напојувањето и електрониката се проверува статусот, фирмверот на дискот, SMART-от, табелите со лоши сектори.
Clean Room Work

Механичка поправка

Фаза 4
Доколку дискот се уште има проблеми, дискот се отвара и се проверува состојба на плочите, главите за читање/пишување, приамп и мотор.