Како и во секоја работа така и при враќање на избришани податоци постојат правила и процедури. Колку повќе ги скокаме или пробуваме да ги заобиколиме може да добеме само лоши резултати или неповратно да ги изгубиме податоците.
1.Никогаш не инсталирајте програм(и) за враќање на податоци на диск на кој се податоците
2.Никогаш не се работи на компјутер на кое се избришани/форматирани податоци. Се вади дискот и се приклучува на друг компјутер во мод само за читање (без запишување) на дискот
3.По завршено скенирање ако ги најдете избришаните податоци, никако не ги запишувајте на ист диск, дури и на друга партиција. Секогаш запишувате ги најдените податоци на друг диск.
-Ако ги запишете на ист диск може да ги презапишете оригиналните податоци со други и така трајно клиентот да остане без податоци
-доколку не се најдени сите податоци секогаш може повторно да скенирате со други параметри и да најдете други резултати
4.Доклку дискот има проблем со партиции ке ги поправајте аутоматски, без да направите имиџ на дискот
-по извршена поравка на партиција ако нешто тргне наопаку нема враќање назад. Доколку работите со имиџ секогаш го имате оригиналниот диск
-доколку има лоши сектори на дискот процесот на поправка на партиции може да потрае многу долго и да заврши неуспешно
5.Доклку дискот бара да се форматира никако не го форматирате
-исто како под 4, првин да се направи имиџ на дискот потоа скенирање или поправка и слично
Секогаш некој ќе коментира дека оваа е непотребно и дека тој/таа успеале 2-3 да вратат податоци многу побрзо и без никави процедури. Но не кажуваат колку пати не успеале или трајно ги презапишале податоците на комшијата, роднината или пријателот.