Еден од најраспоространети е-маил клиенти е MS Outlook. Прекрасна алатка која ни ја олеснува работата со е-мејл пораките, календар и контакти. Outlook знае некогаш да започне да се однесува чудно, да не може да се отвори коректно, кочи при работа итн, тоа е знак дека нешто не е во ред. За да не се сличи поголема хаварија, да се изгубат мејловите, контактите…пожелно е да се разгледаат доленаведените совети.
- За послесна работа, веднаш по инсталација т.е. прво стартување на Outlook сменете го фолдерот каде ке се чуваат ПСТ фајловите. Препорачливо на друга партиција или диск.
- Не е практично ПСТ фајлот да биде неограничен во големина, најдобра практика е да биде лимитиран на 2-4ГБ. Кога ке се премине лимитот секогаш може да креирате нов и да се продолжи со работа. Outlook подобро и побрзо работи со помали ПСТ фајлови. Огромен ПЦТ фајл е најчест ппоблем на споро подигање и работење на Outlook. Замислете колку ке трае пребарување на мејловите во 25ГБ ПСТ фајл.
- Доколку не постои можност за да се ограничи големина на ПСТ фајловите, би тербало да се советуваат корисниците да ги бришат непотребните е-маил пораки, реклами итн. Во зависност од количина на мејловите би требало по бришење на пораките да се изврши подредување на ПСТ фајлот.
линк со повеке информации
- Доколку Outlook јавува грешка дека има проблем со ПСТ фајлот и не може да се отвори, не е крај на светот. MS Office пакетот има алатка за поправање на ПСТ фајлови се вика SCANPST. Најбрз начин да се најде алатката е во пребарување да напишете SCANPST.EXE. Едноставен за користење, се внесува локација на ПСТ фајлот и Старт. Процесот на поправање може да потрае и неколку часови, зависно пд проблемот и големина на фајлот.
линк со повеке информации
- И секако оваа треба да биде на прво место, бекап на податоци редовно.