Најчести проблеми кои се јавуваат при форматирање на компјутрер се јавуваат поради не направен бекап на податоци и лоша комуникација помеѓу клиентот и сервисерот.
Подолу во текстот ке набројам неколку битни работи, кои би било пожелно да се проверат пред да се пристапи кон форматирање.
1. Фајловите од дискот што се форматира да се ископираат на друг диск, не на Д или на друга партиција. Доколку му се случи нешто на дискот по форматирање и инсталациаја податоците се на безбедно.
2. Доколку копирањето е направено како под точка 1, само тогаш може да се бришат сите партиции од дискот и да се креираат нови. Се случувало од брзање.
3.Задолжително прашајте го клиентот дали користи Outlook, и ако користи каде му се чуваат PST фајловите. Ако патеката не е променета, Outlook ги чува мејловите на оваа локација:
C:\Users\%username%\AppData\Local\Microsoft\Outlook\
4. Не заборавајте да го пражате клиентот дали користи лозинка за пристап на Windows и дали има вклучено енкрипција на податоците.
5. Има корисници кои ги чуваат своите фајлови во скриени фолдери во Program Files или Windows. Не е лошо да се праша дали покрај фајлови во Desktop и Documents има и на друго место.
6. Доколку има проблеми со инсталација поради лоши сектори задолжително информирајте го клиентот. Ако се обидете да ги поравите и продолжите со инсталација за извесно време можно е пак да го имате истиот компјутер на маса со уште поголем проблем.
7. Доколку сте го форматирале Ц и сте почнале инсталација на Windows и ви текнува дека не сте ги ископирале сите податоци, најдобро е да се прекине инсталацијата на сила. Што помалку новозапишани фајлови тоа повеке шанси за враќање на податоците.
8. Никогаш не ветувајте форматирање и инсталација за 2 часа. Доколку се работи како што треба процесот трае подолго, особено на дискови над 500ГБ, самото копирање на податоците одзема многу време.
9. Доколку го форматирате компјутерот и го подготвувате за продавање или за подарок, задолжително првин направете WIPE (запишување на нули) или Low Level Format на дискот.
10. Ако целиот процес ви изгледа премногу конфузен и комплициран, направете си табела со целата процедура за форматирање. Запишете ги сите чекори кои на вас ви одговараат или по кои работите. По секој завршен чекор штиклирајте па продолжите понатаму.